Кандидатот за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова,



Попладнево од митингот во Свети Николе кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова порача дека без владеење на право и правда, без битка со криминал и корупција, битка со непотизам, подобрен здравствен систем и квалитетно образование тешко ќе добиеме датум за преговори за ЕУ.

Истакна и дека изминатите две и пол години народот се изнагледал „незауздана политика“, а последиците се видливи и познати.

„Лошата политика не може да го згази правото… Оти ако политиката не е ограничена со правото, ако не е под правото, ако не е врамена во правото, ќе доведе до дискрециски овластувања. Ќе доведе до постапувања што не водат сметка за човековите слободи и права“, рече Силјановска Давкова.

-Дојде времето да си помогнеме едни на други, а тоа е на 21 април, порача кандидатката за претседател Силјановска.