На овие претседателски избори треба да ставиме крај и да не дозволиме власта да се концентрира на едно место, порача синоќа на митингот во Ѓорче Петров кандидатката за претедател на државата, Гордана Силјановска.
Таа порача дека безнадежната, бескрајната транзиција мора да заврши и да почнеме со демократска консолидација.
„Демократска консолидација значи стабилни институции, значи процес на одлучување внатре во парламентот и владата, а не надвор во некои неформални тела бидејќи таа постапка е без процедура.
Не е процедура притисок, политички пазар, закани, а со тоа ние во овие две години постојано се сретнуваме“, рече таа.
Силјановски постсети дека за членство во Унијата ќе имаме подготвителна фаза која не се знае колку ќе трае.
Проблем во преговорите за членство ќе биде безбедноста и владеењето на правото и правдата, рече таа.





