Заедно со вас од утре започнуваме важна етапа во битката да ја вратиме Македонија во нормала, напиша попладнево на својот Фејсбук профил професорката Гордана Силјановска Давкова по повод почетокот на собирањето на потписи од граѓаните за официјализирање на кандидатурата пред Државната Изборна Комисија.
За да може да биде дел од изборната трка професорката мора да добие најмалку 10 илјади потписи од граѓаните.
„Ви благодарам за подршката“ им порача на нејзините симпатизери Силјановска и ги повика утре во подрачните единици на ДИК да го дадат нивниот потпис за нејзината кандидатура.
https://www.facebook.com/gordana.siljanovska.71/videos/116799732791334/




