„Ова се нашите дипломати“, рече вечерва Гордана Силјановска Давкова од Кавадарци каде од бината пред преполниот плоштад ја честиташе победата на РК Вардар.
„Сите денеска зборуваат за Вардар, а јас сум сигурна дека Стојанче Стоилов нема да рече Северна Македонија.
Покрај спортската дипломатија ќе развиваме и културна дипломатија, бидејќи некогаш уметноста, филмот, науката, можат да сторам многу повеќе од многу амбасадори и конзули“, вели кандидатката за претседател на државата Силјановска.





