Силјановска: Собранието е преземено од командантот Џафери и аѓутантот Адеми (ВИДЕО)

Во владиниот договор со Бехтел и Енка, државата настапува како корпорација, а Бехтел и Енка, како држава.



Ова го коментира пратеничката и професорка Гордана Силјановска Давкова.

Според неа Севкупната работа на Собранието, под палката на командантот Џафери и неговиот аѓутант Адеми е сведена на пленарни седници и на седници на „сематичната“ Комисија за европски прашања а другите комисии се суспендирани.

,,🇪🇺 Европското знаме е алиби за недемократска процедура. Создадовме основ секоја членка на Европската Унија во иднина да нè блокира заради злоупотреба на европското знаме.

👥 Корпоративното управување ја слабее државата, а министрите делуваат како компрадори.

💨 Постапка побрза од ветер не соодветствува на реализирање стратешки, национални интереси, туку е во интерес на лични олигархиски цели.

➡️ Владата, наместо извршен, стана квази законодавен орган, а пратениците од власта, наместо народни, станаа владини претставници”, вели меѓу другото професорката во собраниската дебата за ,,Бехтел и Енка”.

Целото обраќање на Youtube

Ви благодариме што бесплатно се претплатувате (SUBSCRIBE) на видео каналот на expres.mk