Професорката Гордана Силјановска Давкова, носителка на листата на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица, констатира дека во последните три години Македонија доби републиканска монархија.
„Ги учам студентите дека Собранието е демократска школа. Ги учам дека нема демократија без поделба на власта. Во Македонија во овие три години не само што исчезна поделбата на власта, туку добивме републиканска монархија. Собранието е демократска руина. Со оваа власт далеку е Европа“, вели на Твитер кандидатката на опозицијата на претседателските избори.




