Силјановска: Со 0,1 отсто од БДП за екологија удирате на правото на живот (ВИДЕО)

Пратеничката и професорка Гордана Силјановска Давкова смета дека заштитата на животната средина е најважното прашање на кое што треба да се посвети владата.



Таа од собраниската говорница денеска изрази шокираност што владеачката коалиција и заменичката министерка за екологија од ДОМ (за која професорката била среќна што била избрана поради нејзиното резиме) не инсистираат на поголем буџет за заштита на животната средина.

Според новиот буџет предложен од власта за екологија владата планира само 0,4 % од буџетот и само 0,1 отсто од Бруто домашниот производ.

Целото излагање на Силјановска.

Во дебатата Силјановска се осврна и на проблемот со исклучените корисници на парно греење, случај кој заврши пред судот во Стразбур.