„Јас за правичната и соодветна застапеност сум се погрижила да ја примена прво на мојата катедра, но не само раководена од припадноста етничка, туку покрај стручноста и компетентноста и зад себе ќе оставам подобар од мене професор“, изјави кандидатката запретседател на државата Гордана Силјановска давкова во ТВ дуелот на Телма во соочувањето со противкандидатите околу прашањето за правичната застапеност.
Сите знаат кој е не сакам да го споменувам, рече Силјановска..

Всушност, Силјановска мислеше на нејзиниот асистент, Дениз Прешова кој важи за еден од најдобрите асистенти на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, а како што кажа и Силјановска ќе биде и подобар професор од неа.
На оваа катедра заеднички Силјановска и Прешова предаваат на студентите за донесување и менување на уставот; суверенитет и владеење на правото; основните уставни права и слободи, изборните системи, меѓународни однос и надлежностите на Претседател на Република Македонија.
Дениз Прешова често пишува за уставното судство во Македонја и компаративно во светот и според него Уставниот суд во Република Македонија е најнереформираната институција во РМ.
Извор: Магазин





