Силјановска: Само мизерна и дебилна власт води скапа црна пропаганда како за избори што не ги сака

Во објава со наслов ,,СЕБЕСКЕНИРАЊЕ!” пратеничката Гордана Силјановска Давкова го опишува однесувањето на СДСМ од каде почнаа црна пропагандна кампања по судирот меѓу градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.



Власта десетина дена фрла огромни пари на билборди и ТВ спотови за да ја оцрни опозицијата и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски.

Силјановска не може да разбере зошто власта троши големи ресурси во криза а притоа не сака да оди на избори.

,,Само ВЛАСТ разнебитена до непрепознавање, само ПРЕПЛАШЕНА и ОДНАРОДЕНА ВЛАСТ до степен на НЕПРИЗНАВАЊЕ, само ДЕБИЛНА ВЛАСТ, само МИЗЕРНА власт среде ТОТАЛНА КРИЗА и СКРИНИНГ процес фрла пари ВО ВЕТЕР и/ли во КЛИЕНТЕЛИЗАМ, туркајќи ЦРНА ПРОПАГАНДА кон опозицискиот лидер.
Човек има впечаток дека сме сме среде валкани парламентарни ИЗБОРИ од кои ВЛАСТА БЕГА!”, пишува професорката Силјановска Давкова.