„Претседателот на Собранието, Талат Џафери, распиша избори за претседател на Република Македонија.
Јас се разбира дека ги почитувам Уставот и законите и соодветно на тоа ќе се однесувам “, изјави денеска професорката Гордана Силјановска Давкова во првото телевизиско интервју откако во саботата беше избрана за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните претседателски избори.
Силјановска, во интервјуто за ТВ Сител, потсети дека и пратениците, министрите, премиерот положија заклетва на Уставот на Република Македонија.




