Професорката Гордана Силјановска на денешната Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ на која се одлучува кој од 9 пријавени ќе биде кандидата на оваа партија за претседател на државата најави дека реформи ќе бидат потребни и за оваа функција но не и само таму.
„Треба да се укинат некои сегашни привилегии … Ќе ги замолам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги укинат законските привилегии за претседателот.
Да се намали бројот на министерствата, срамота е сиромашна земја да има 27 министерски места, а Швајцарија да има 7. Исто и со замениците. Парите ќе се пренасочат кон граѓаните.
Говорејќи за проблемот со промена на името на државата Силјановска рече:
„Ќе формирам експертски тим на домашни и странски професори по меѓународно јавно право. Малите држави се повикуваат на правото, големите на силата. Да го отвориме прашањето за името на Република Македонија. Тоа не е затворено. Пред меѓународните судови и институции. Во секоја средба ќе укажувам дека не можам да се поделам на две личности. За мене владеењето на правото е врвната цел, ако сите народи имаат право на самоопределување, истото важи и за македонскиот народ и за Република Македонија.
Како иден претседател Силјановска вели дека ќе има поголем ангажман.
„Секогаш кога ќе има проблем, а секој ден ги има, јас ќе побарам да се обратам до Собранието, не само до пратениците, туку до граѓаните. И кога ќе го користам ветото како одбрана на уставот, ќе барам да го образложам тоа. Ќе се држам до уставот и тоа ќе важи за сите партии, па и за ВМРО-ДПМНЕ.
Константин Миладинов пееше за Т`га за југ. За жал неговиот југ стана Север.





