„…треба да победеме, треба да отвориме пат за предвремени избори за ново парламентарно мнозинство.
Не велам дека ако ме изберите дека веднаш ќе го сменам името, тое е невозможно, но сигурна сум дека ова име нема иднина. Уставот е процес не е состојба, ќе дојде одговорен претседател претседател од народот, со народот и за народот, ќе дојде одговорен парламент, кој ќе ја почитува опозиција.
Ќе дојде нов устав кој ќе го брани уставот со знаење и морал. Тогаш ние со уставна промена ќе го заштитиме името со клаузула за непроменливост“ порача кандидатката за претседател на државата од вечерашниот митинг во Охрид со кој ја започна предизборната кампања.
Силјановска, обраќајќи се на присутните рече дека зборот е тоа што треба да се почитува: „Зашто и на почетокот се вели дека речта, зборот,.. а претседател неможе да биде некој кој нема збор, и не си го почитувам зборот, тој не си ја почитува вашата доверба.
Нивната филозифија е кажувам, заборавам, негирам…Нашата е кажувам, помнам, почитувам…рече Силјановска пред Охриѓани.
„Јас ветувам дека ќе бидам претседател по свое и ќе го почитувам уставот“.
Збирувајќи за Преспанскиот договор, според неа, единствената „реформа“ што оваа влада со 26 министри ја направи Силјановска потсети дека според Уставот, меѓународните преговори ги склучува претседателот во име на државата. „Заборавија дека министерот не е овластен да потпишува вакви договори во име на народот“, рече Силјановска Давкова.





