Професорката Гордана Силјановска-Давкова, зад чија кандидатура за претседател на државата застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ во итервју за Макфакс одговара на прашања поврзани со бројните реакциии во јавноста кои се движеа од говор на омраза и сексизам за нејзиниот изглед, до коментари од типот „како е можно вмровски кандидат да биде поранешна министерка во Владата на Бранко Црвенковски“…
Вели дека децидно стои на ставот дека не е врзана за ниту една политичка партија и дека нејзиното време на партиски активизам е поминато.
„Партија бирам еднаш, повеќе не. Во 1994 година ја видов политиката однатре и сфатив дека тоа не е мојот живот“, вели професорката.
На прашањето што би направила различно доколку би била избрана за претседател, а јасно ги изразува и своите негодувања во однос на договорот од Преспа, Силјановска вели дека е легалист и дека е должна да го прифати договорот, но дека: „прашањето сè уште не е затворено“.





