Кандидатката за претеседател Гордана Сиљановска Давкова изрази подготвеност да се сретне со претставници на партијата Левица откако пред два дена членот на раководството на партијата професорот Димитар Апасиев јавно објави дека е против бојкот на претседателските избори.
„Длабоко го почитувам принципиелниот однос на колегата Димитар Апасиев кон прашањето: да се учествува или не на претседателските избори? Искрено верувам дека членовите на Левица го делат истиот или имаат сличен став.
Впрочем, многумина од партијата и лично ги познавам. Сигурна сум дека низ годиниве сум успеала да ги убедам дека, не само што се повикувам туку и живеам со принципите на правото, правдата и етиката.
Таква ќе бидам и како претседателка: своја и непослушна како нив, единствено верна на владеење на правото.
Подготвена сум да се сретнам со раководството на Левица и отворено да разговараме за тоа како можеме да работиме на остварување на заеднички цели кои се од интерес за сите граѓани“.
Апасиев предходно во јавното обраќање порача дека иако на референдумот бил за бојкот сега овој начин на борба е погрешен затоа што со пасивност на граѓаните ќе се даде шанса на власта да продолжи со своите штетни политики.
Целиот текст на Апасиев
Апасиев од Левица ја објави позицијата за изборите и бојкотот




