Кога може една Швајцарија со два потпретседатели на парламентот, зошто да не би можела и Македонија, рече во гостување на „Заспиј ако можеж“ на ТВ Алфа, пратеничката Горданта Силјановска Давкова.
„Што е тука проблемот? Ако ги видите активностите на минатите потпретседатели, апсолутно нема потреба тоа. Тие се рутински. Една пратеничка ги наведе задачите на потпретседателите и тие се состојат од типот на средби со амбасадори, учество на расправи, на конференции и слично.
Во прашање е статусен симбол, но не е она што е најважно. Во прашање е всушност вдомување на луѓето од коалиционите партнери во една игра која се вика политички пазар и која што ја плаќаат граѓаните“, рече Силјановска Давкова.
Пратеничката појасни дека пет потпретседатели значи расфрлање со народни пари за ништо, наместо да им се помогне на граѓаните.






