Во текст со наслов GINGER ( ЃУМБИР) vs GENDER (РОД) професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова ја коментира изјавата на Заев за “ѓумбир балансот” зборувајќи за родовата еднаквост но открива уште една фраза на премиерот која ја употребил вчера во Собранието.
Целиот текст на професорката:
Англицизмите го нападнаа македонскиот јазик и се вгнездија во него како јазичен вирус. Се употребуваат во секоја (не)прилика. И сама понекогаш посегам по нив, а потем се каам.
Еден слој луѓе енормно ги претпочита, па дури и ги користи како знак за распознавање. Згора, англиските зборови, фрази и идиоми е ‘cool’ и во оригинал, односно непреведени да се користат.
Во фаќањето чекор со јазичната „модернизација“, некои луѓе влегуваат со силна желба и скромно знање, што доведува до јазичен хаос.
Кога ја чув кованицата ‘ginger’ balance’, ми прелетаа многу асоцијации. Се сетив на информацијата дека руски професор, на студентите им препорачувал ѓумбир како ефикасна неколкучасовна заштита од Ковид-19, па помислив дека нашиве политички статистичари – „патриоти“ , имаат намера, наместо вакцини, да ни понудат ѓумбир (ginger) нам и на попишувачите за да преживееме.
Потем, си реков да не уживал премиерот во совршената игра на парот Џинџер Роџерс (Ginger Rogers) и Фред Астер (Fred Astaire), ама не верувам, оти млад е за нив. Во еден момент пак, си реков: можеби во владата нема gender balance, оти првиот меѓу еднаквите трагал по ginger balance.
Сепак, јас бев под поголема импресија од една друга кованица, изречена во премиерскиот одговор на претходно пратеничко прашање : „рибна река“!? Ја забележавте ли ? Што ли значи, знае само тој/авторот, а веројатно и дежурните (не баре лекари и сестри) познавач(к)и, толкувач(к)и и подржувач(к)и на неговата мудра мисла и дело. Сигурно веќе подготвија логично оправдување на народниот, спонтан, сочен јазик, хибридизиран со „ као“ англиски фрази и идиоми.
Се сеќавате ли на книгата na Jacob Weisberg ‘G.W. Bushisms: The Slate Book of Accidental Wit and Wisdom of our 43rd President’. Можеби еден ден во некоја книжарница ќе осамне дебела книга со наслов: „ Заевизми“!
Најнова вест
Професор од Колумбија за македонскиот кафез на смртта и глупердата





