Главните градови, покажува историјата, се држава во мало, а нивното централно подрачје е гратче во град, ЦЕНТАР на највисоките државни, културни, финанисиски, образовни и други јавни институции, ДУХОВЕН ВУЛКАН со НЕМИРЕН УРБАН ВОЗДУХ! Париз, на пример, неколкупати бил Франција: за време на Француската револуција, Париската комуна, по падот на предавничкиот режим од Виши на генералот Петен, при втемелувањето на Петтата Француска република во 1958, за време на студентските немири од 1968…
Ова важи и за Скопје, кое повеќепати било Македонија: на 13 ноември, 1944; на 26 јули, 1963, по катастрофалниот земјотрес, на 8-ми септември, 1991, по успешниот референдум за самостојна и независна Македонија.
……доволно е да ги видите прекрасните слики на Методија Андонов – Ченто, Димитар Влахов и генералот Михаило Апостолски во ослободеното Скопје, или на преседателот Глигоров и премиерот Кљусев при свеченото прогласување на резултатите од референдумот на бината на плоштадот, опкружени со безброј озарени лица на граѓани (не само скопјани) и да ја почувствувате нивната верба, енергија и решеност за промени, за реформи, за НОВА, поинаква реалност!
Како да има некоја сличност меѓу претходниве „скопски“ настани и оној што следи на 31 октомври: гласањето во вториот круг! Чудно совпаѓање: во 1944 година, успешните акции во Штип и Велес биле клучни за офанзивата во Скопје, а денес, Штип и Велес се веќе во рацете на опозицијата од 7-ми октомври, па патот за демократскиот граѓански изборен марш за Скопје е отворен! Како страсна заговорничка и бранителка на локалната самоуправа , две децении во Групата на независни експерти за Европската локална самоуправа, а во два мандати и потпретседателка, знам дека во многу членки на Советот на Европа, иако некои партии имаат силно упориште во определени општини, а други партии ја водат централната власт, централно-локалниот партнерски однос демократски функција.
Зошто? Затоа што, локалната самоуправа, според Повелбата, ама и според најголемиот број европски устави и закони , има самостоен статус и автономија, со уставно-судска и судска заштита. Локалната власт е противтежа на централната, со свои права и надлежности, а не форма на деконцентрација и децентрализацијата на централната власт. Ова очигледно не е посакуваниот и практикуваниот модел на г-динот Заев и неговото ОЛИГАРХИСКО БРАТСКО СТЕБЛО.
Малиот диктатор, по моделот на Наполеон, ужива во централизираното „ од горе до долу“ одлучување. Тој преферира партиска, наместо правно држава, во која ќе има неограничена власт. Нему не му е доволна Струмица, како фамилијарен посед, туку го посакува Скопје, како „негова“ престолнина, управувано од губернаторот Шилегов и неговиот заменик, Герасимовски, членови на партиската фамилија.
Воден од неконтролираниот порив за авторитативна и авторитатарна (а)локација на вредностите (Истон), по формулата: „кој, каде, кога и како добива“( Ласвел), а во македонски амбиент позната како: „едно евро за Вицето, едно за партијата и едно за црквата“, тој не се задоволи со апсолутистичката симбиоза на извршната, законодавната и судската власт во негови раце, туку ја имаше и сака да ја има и локалната.
Поривот е рурален и каудиљистички. Каудиљото ужива да се слика, да вика, да зборува „по странски“(иако никој не го разбира), да се качува и онанира по бини (занесувајќи се дека е Мик Џигер“), да глуми дека е народен чоевк (иако на Велигден јаде со златен прибор), постојано да се негира и демантира себеси!
Но, се ближи моментот на вистината, што би рекол еден самонаречен вистинољубец и мудрец. Ако тврдите дека Скопје не може без Петре, а тој не може без ВАС, прво ке си замине ТОЈ, а потем и ВИЕ.
Ако локалните избори ги трансформиравте во локално-парламентарни, тогаш лакмусот покажува дека премиерот е во ПООДМИНАТА БРЕМЕНОСТ со ТЕШКА ОДГОВОРНОСТ за енормните ДРЖАВНИ, НАЦИОНАЛНИ и ЛОКАЛНИ ПРОБЛЕМИ, вклучувајќи ги и оние во СКОПЈЕ, оти не само ПЕТРЕ, туку и сите градоначалници се ЗАЕВИ ДЕЦА, а не на локалните жители!
Среќен пат со трамвајот на желбите на г-динот Шилегов. Може да го скратите патот ако тргнете низ тунелот под Кале!






