Силјановска одбива класифицирана политичка глупост за Бехтел и Енка, односот со САД е друга тема(ВИДЕО)

Не постои автоматизам меѓу нашето стратешко партнерство со САД и деловната соработка со Бехтел и Енка, изјави професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова на собраниска расправа на Комисијата за труд и социјална политика каде се расправало за промена на законот со кој работниците на Бехтел и Енка ќе можат да работат по 60 часа неделно што е спротивно на уставот.



,,Преферирам транспарентен пазарен натпревар во градењето инфраструктурни објекти, во духот на Копенхагенските критериуми, наместо тајни преговори и скриен договор.  Оваа комисија, не случајно се вика Комисија за труд и социјална политика, а не за корпорации.

Не можете да ги жртвувате граѓаните на профитната логика. Не смеете да нè враќате на почетокот на 19 век, кога „овците ги изедоа луѓето“ во Англија.

Договорот што го криете можел и морал да биде склучен само според важечкото македонско право”, вели Силјановска која најавува дека ќе се води од парламентарното право и нема да го аминува парамилитарното „право“.

Професорката за ележува што наместо по истекот на најмалку пет дена, како што бара Деловникот, Талат Џафери точката ја ставил на комисиска расправа само еден ден по собраниската седница.

Во продолжение неколку поенти на Силјановска Давкова за законот кој владата сака да го наметне по договорот со Бехтел и Енка:

Овој закон, оваа точка била итна, што ја прави итна❓

Итен случај не е она што претседателот на Собранието ќе го утврди дека е итно ниту претседателот на некоја комисија дека е итно, туку природата на точката што се става на дневен ред. Тоа се докажува со Договорот меѓу Владата и Бехтел и Енка, што мора да ни биде доставен пред да одлучуваме. Како може да се предлага измена на 8 закони на невидено❓ Како може да адаптираме закони на корпоративни интереси❓

Не постои ниту една причина за итност на ова. Не е национален и стратешки интерес тоа што првиот заменик премиер ќе го договори.

Не може да има национален и стратешки интерес што ќе се покрие со активност на приватна фирма чијашто основна логика е профитот.

Овде, наместо по телевизии, требаше да седнат потписниците на договорот со него в раце и да го објаснат, а не пратеници да предлагаат опасни измени на закони по мерка на приватна фирма оти така „морало да биде“.

Што нема да чуеме од аналфабетиве. Замислете: договор со приватна фирма содржел „класифицирани информации“. Класифицирана политичка глупост❓

Видеото од нејзината расправа во продолжение