Кандидатката за претседател на државата, на вечерашниот митинг во Охрид ја започнувапредизборната кампања која ќе ја води под мотото „Правда за Македонија“.



“Кампањата за претседателски избори ја започнувам од местото каде започна мојот живот. Со ваша помош ова ќе биде почеток на крајот на една нелегитимна и мрачна власт”, порача Силјановска синоќа од пред родната куќа во Охрид.

Вчера по потпишување на кодексот за фер избори со нејзините противкандидати Блерим Река и Стево Пендаровски, Силјановска рече дека таа ќе им се обраќа на луѓето, на поединците, а не на партиите.

„Затоа што мислам дека меѓу нив има луѓе кои ме познаваат мене како професорка, понекогаш на некого кој на медиумите ги изразува своите ставови. Би сакала околу мене да бидат неутралните гласачи, оние кои идеолошки припаѓаат на други партии, но она што се случуваше изминативе години длабоко ги разочара…“