Во сатирична порака професорката Гордана Силјановска го коментира однесувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева и реакцијата на Јавното обвинителство и власта на нејзините барања испратени од Шутка.
“Катица Јанева одговорно си ја вршеше функцијата од притвор. Откако писмено побара префрлање на предметите на ЈО, чија негација беше, помислив дека од притвор ќе побара притвор за некој од опозицијата”, пишува Силјановска во пораката со иронија ја коментира актуелната состојба за случајот Рекет во кој се инволвирани структури од власта.






