Силјановска: Новиот европски тренд бара нови лица

Kандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова, дека новиот тренд во Европа бара нови лица и дека многу „залутани“ личности се врвни европски и светски политичари, алудирајќи на некои рекламни спотови на еден противкандидат кој споменува „залутан патник во политиката“.



„ Да се биде аутсајдер во политиката или залутан патник, како што мојот противкандидат милува да каже, е предност и тренд во Европа“ вели Силјановска во објавата на фејсбук..

„Во некои од рекламните спотови на кандидатот од власта, се зборува за „Залутан патник во политиката.“ Да потсетам на некои работи кои, очигледно, на кандидатот од власта не му се познати, пишува Силјановска на Фејсбук..

Имено, живееме во време кога дискусиите во Европа се во правец на што поголемо владеење на правото во земјите членки, но и на оние кои сакаат да бидат дел од неа, како и казнување на оние земји што не го почитуваат владеењето на правото.

Овој тренд бара нови лица.

Многу „залутани“ личности се врвни европски и светски политичари. Еве и Словачка ја избра првата жена претседателка. Истакнатата адвокатка се појави на политичката сцена директно од судницата. Или треба да ве потсетам на Макрон и на неговото деби во политиката?

Да се биде аутсајдер во политиката или залутан патник, како што мојот противкандидат милува да каже, е предност и тренд во Европа.

На граѓаните во Македонија им е преку глава од лажни ветувања на вообичаеното лице на политиката. Граѓаните сакаат голема промена со лице кое нема багаж.

Јас, докажана во академската работа, докажана како експерт, со целиот интегритет и непроменливост на ставови, бидејќи се основаат врз право и наука, ќе го прекинам трендот на лажни политичари, ќе ја воспоставам правдата и ќе ја вратам довербата на граѓаните во државата.

Можеби имам различен стил од сите досега, но затоа сум сигурна дека сум вистинската промена! Јас сум страстен поборник за право и правда, за почитување и заштита на човековите права по сите основи и за еднакви можности за сите,, напиша Силјановска на Фејсбук.