„Можат тие да пишуваат на сите згради, може премиерот да ги исправа сите министри укажувајќи на ‘Северна’, меѓутоа тоа име нема корен, вештачко е, натурено е, никој во историјата не се борел за ‘Северна’“, рече вчера на средбата со жители на Ново Село кандидатката за претседател на државата, професорката  Гордана Силјановска-Давкова.



Доказ за тоа се химната, народните песни, ора, рече таа.

Според мислењето на Силјановска, на сите средби со претставници на меѓународната заедница треба да се укажува дека „спроведувањето на Преспански договор допрва ќе го комплицира нашиот живот и дека тоа ќе доведе до парализа, до нефункционирање на државата и оти не е решение на односите меѓу двете држави, туку допрва ќе носи нови и нови проблеми“.

https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/videos/364855760780210/