Силјановска: (Не)видена (не)доследност на Заев за државни пари

Професорката Гордана Силјановска Давкова забележува дека премиерот Заев е недоследен кога од тие што добиваат државни пари бара да ги сменат името согласно уставот а неговата лична партија не го прави тоа.



“Премиерот обвинува дека секој кој не го употребува новото име ги навредува уставот и државата?!  ФФМ да го смени името затоа што, ДУРИ еднаш примил парична подршка од АМС. Ама, „ЗАБОРАВА“ дека СДС на МАКЕДОНИЈА се финансира од државата!  (Не)видена доследност на недоследноста!”, пишува професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова.

Партијата на Заев секоја година добива огромни пари од државата но не го менува името во СДССМ.