Силјановска нема проблем бугари да учествуваат во уставните измени под еден услов

Професорката и пратеничка Гордана Силјановска смета дека бугари може да учествуваат во уставните измени но тие не можат да дојдат од Бугарија.



Коментирајќи го барањето на официјална Софија и бугари да бидат дел од процесот на промена на уставот заради влез на Бугарите во преамбулата, Силјановска во емисијата ,,За или Против” на Алфа ТВ со Искра Коровешовска вели дека не е спорно и бугари да учествуваат во промената на уставот.

Според неа тоа е можно ако меѓу Бугарите што живеат во Макеоднија има експерт по уставно право кој според стручноста треба да биде дел од работната група.

Доколку Софија бара од Бугарија да дојде експерт да биде дел од процесот тоа не е прифатливо, вели Силјановска која не знае дека во Македонија живее некој Бугарин експерт по уставно право.

Најчитани вести

Бурно најавен, тивко упокоен

Стратешкиот совет за надворешна политика на Османи е ,,клинички мртов”