Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање на 5 Мај. Таа не заборави да им се обрати и на симпатизерите на СДСМ.
„Драги мои, не се плашете, туку славете. ВМРО, СДСМ, шарени, бојкотирачи, неопределени, Албанци, Турци, Срби, Роми…сите што сте за владеење на правото и демократска Македонија. Излезете и гласајте на 5 Мај! И со пречките го изодевме патот. Нема да запреме.
Нивната Северна е можна само во авторитарна форма, со закани и притисоци. А нашата Македонија е демократска, со граѓани кои не се плашат да преземат одговорност за иднината. Тоа и ќе го сториме на 5 мај!“, напиша Силјановска на фејсбук.





