Силјановска на средба со ОБСЕ: Изборите не смеат да бидат црна дамка за Македонија

Кандидатката за претседател на државата од редовите на опозицијата Гордана Силјановска Давкова денеска се сретнала со амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, австрискиот дипломат од кариера Клеменс Која.



“На денешната средба со амбасадорот на ОБСЕ Клеменс Која разменивме корисни информации и ставови за актуелните политички процеси во Република Македонија”, вели Силјановска која го изразува својот став дека претседателските избори мора да бидат “кристално чисти„ и не смеат да бидат уште една црна дамка во македонското досие кое веќе е оптоварено со низа пречки на патот кон преговорите за членство во ЕУ.

“Организацијата за безбедност и соработка во Европа ја гледам како партнер кој може да ни помогне во битката против политичките аномалии како корупција, партизација, непотизам, клиентелизам или медиумски притисок кои можат да ја загрозат безбедноста и стабилноста на Македонија”, објави Силјановска Давкова на својот Фејсбук профил.