По обидот на Стево Пендаровски во дебатата на ТВ21 да ја обвини Гордана Силјановска дека не се залага за Албанците, таа му одговори дека звучи како рефрен од расипана плоча.
„Тоа е Вашата перцепција … Јас кога го анализирам Рамковниот Договор во научни трудови, Ви го покажав едниот вчера со највисоки оценки во САД, се водам од концептите на т.н. консоцијативна демократија каде може да функционира, каде не и слично“, рече Силјановска
Таа рече дека во обидот да им се додворува на Албанците, Пендаровски ги потцени, ги негира и ги дискриминира останатите, бидејќи правичната и соодветна застапеност подеднакво се однесува и на Турците, и на Ромите, и на Власите, и на Србите и на сите останати.





