На вечерашната претседателската дебата на МРТ Гордана Силјановска Давкова во делот во кој се говореше за економијата, го постави прашањето на износот на странските инвестиции со кој, како што рече, се фали владата на СДСМ, посочувајќи дека, вусшност, од тој износ 80 проценти се реинвестирана добивка од компании кои инвестирале во времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Во тој контекст, побара од Пендаровски да му наброи некои странски капитални инвестиции во Македонија.
„Ако е така грандиозно нивото на инвестиции, може ли да ми посочите некои капитални инвестиции. Тоа се огромни суми и веројатно се очигледни, барем три“, запраша таа.
Одговорот изостана.





