Пратеничката професдор Гордана Силјановска Давкова на нож го дочека годишниот извештај за работата на ДКСК но не само заради неговата содржина туку и затоа што иако извештајот во собранието пристигнал во март тој дури сега се разгледува на соодветната комисија.
Силјановска е лута што спикерот на Собранието Талат Џафери чекал цели 9 месеци за да го стави извештајот за Антикорупциската комисија на комисиска расправа.
Во меѓувреме многу од роковите содржани во извештајот се застарени.
Според Силјановска една од причините поради кои се случуваат вакви ситаиции е тоа што ивееме во т.н. министерски или премиерски политички систем каде што еден човек и групата околку него прават што сакаат.
Во своето излагање Силјановска зборува и за натпревар со бетонизација кој се случува во Скопје а во кој има огромни пари чии сопственици не ги интересира ниту архитектура ниту екологија.
Целото излагање на професорката






