Силјановска: На една татковина ѝ личи да има мајка

„Ќе се обидеме да ги задржиме младите, а оние кои си заминаа да ги вратиме“ порача денеска од митингот во Берово кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова.



„Вината не е во нас, вината е во нив, ние ќе се обидеме да ги задржиме овде младите, а оние кои си заминале и си заминуваат да ги задржиме, како, докажуваќи им дека има надеж за нив и за нас овде“, рече Силјановска.

Нема татковина без мајка, жените во Македонија да гласаат за жена, порача денеска од митингот во Берово, Силјановска-Давкова.

„Големиот македонски писател и драматург Горан Стефановски кој работеше и живееше во Англија, секогаш велеше дека мислите и срцето му биле дома, во Македонија. Нема татковина без мајка, на една татковина и личи да има мајка.

Од Влатко Ѓорчев, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ слушнав една убава работа: Жените во Македонија да гласаат за жена. Во мојот кабинет најмногу ќе има жени, и тоа најмногу поради тоа што долго време тие немаа шанса да бидат вработени на место кое го заслужуваат, рече Силјановска Давкова пред беровчани вечерва на митингот.