Процедурата за влез во НАТО сѐ уште не е завршена, па оттаму и кревањето на знамето на НАТО е лажирање на стварноста, смета професорката Гордана Силјановска, еден од кандидатите за иден претседател на држаата.
На својот Фејсбук профил Силјановска вели:
„Владата денес се обиде да ја лажира стварноста, истакнувајќи го знамето на НАТО. Бидејќи процедурата сè уште трае, денешниот чин нема никаква врска со членството во НАТО, туку со преименувањето на државните институции.
Отсуството на претседателот на Македонија е непочитување на протоколот и неправда кон институција на државата.
Ваквиот чин нѐ прикажува како незрела и несериозна држава“, напиша професорката.

На денешната церемонија за поставување на знамето на НАТО пред македонската Влада, не присуствуваше актуелниот претседател на државава, Ѓорге Иванов, а не беа присутни ниту од раководството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Празно остана и столчето кое беше наменето и за поранешниот претседател Бранко Црвенковски.





