Кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановск Давкова очекува граѓаните масовно да излезат во недела и да се зголеми поддршката за неа.



Затоа што, како што вели „кандидатот на власта не може да направи ништо друго освен она што го правеше оваа власт зошто и самиот тврди дека 102% се согласува со лидерот на СДСМ.

Силјановска вели дека очекува сите оние кои можеби овие две години ги немаше да се соберат околу членството на ВМРО-ДПМНЕ кое ја поддржа на конвенцијата.

„Значи да се вратат во јатото на оние кои што заговараат реформи се разбира за реформите да се борат внатре. Зошто очигледно е дека ако ВМРО-ДПМНЕ отвори врата за мене со тоа покажа демократски исчекор.

Јас се надевам дека кон членовите, сипматизерите оние кои се за реформи ќе се приклучат и неопределените гласачи, ќе се приклучат и разочараните од катастрофалните политики на СДСМ во овие две ипол години. Зошто? Зошто на прагот сме пред соопштувањето на одлуката дека почеток на преговори нема“, изјави , меѓу другото Силјановска Давкова.

Таа вели дека е убедена дека успехот на 5-ти мај ќе отвори порта кон еден друг успех, кон градење на демократска, евроспка Македонија. Зошто очигледно е дека промени реформски може да направите само ако и себе се реформирате.

„ВМРО-ДПМНЕ тоа го прави во моментов, ќе му се приклучат се разбира и нови политички сили во градење на ново парлементарно мнозинство, а оваа власт ќе биде запаметена само по болката што ни ја нанесе. Зошто? Зошто повторувајќи ЕУ и НАТО всушност го кршеше правото и правдата, рече Силјановска.