Заминувањето на младите од земјава била една од темите на средбите на кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова, со странски амбасадори на кои било констатирано дека проблемот е заеднички.
„Еден од најгорливите е емиграцијата на младите. Каде се младите?
Запустени се и селата во Кичевско и во Беровско. Само со владеење на правото, а за тоа живеам и се залагам. Само со меритократија, а не непотизам, Македонија може да оди напред, и Македонци и Албанци и Срби и Роми и Турци и Египќани и Хрвати и Бошњаци и сите останати! – напиша Силјановска денеска на фејсбук.





