Професорката Силјановска Давкова со порака од познат холивудски филм го одби премиерот Зоран Заев кој ѝ понуди место во Владата на пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Откако Гордана Силјановска Давкова го критикуваше дека нема родова балансираност меѓу министрите на седницата за пратенички прашања премиерот Заев и понудил да стане дел од Владата.
Пратеничката Силјановска Давкова му забележа на премиерот Заев дека во Владата има само четири жени министерки и само две жени заменик-министерки по што таа побара од него да направи реконструкција на Владата и побара да смени поголем дел од машките министри со жени.
„Бидејќи сте и по ‘метлите’ ви предлагам како премиер, да ги смените мажите министри со жени“, порача Силјановска Давкова од собраниската говорница.
Заев одговори дека тој е за поголема застапеност на жените на јавната и политичка сцена и се пофали дека направил такви промени во СДСМ.
Откако Силјановска Давкова со контра реплика прецизираше дека не зборува за СДСМ туку за владата Заев од место дофрли и ја покани Силјановска да се приклучи во Владата.
„Ајде, повелете во Владата“,
рече Заев во Собранието.
Понудата на премиерот Силјановска Давкова ја одби без размислување нарекувајќи „непристоен предлог“.
„Ова е непристоен предлог што би рекол Роберт Редфорд“, рече Силјановска Давкова алудирајќи на познатиот филм „Непристоен предлог“ во кој главните улоги ги толкуваат Роберт Редфорд и Деми Мур.





