Силјановска: Исправи се Македонијо (Делфина)

На денешен ден е родена Атина Бојаџи, една од најголемите модерни македонски хероини, великанка на македонскиот спорт.



На 9 септември во далечната 1969 година, Атина го направи невозможното, она кон коешто многумина гледале со резерва и неверување. Го преплива Ла Манш и стана првата Македонка која го оствари овој величествен подвиг. Нејзината верба и посветеност се патоказ кој треба сите да го следиме.

Драги мои, нашиот заеднички политички „Ла Манш“ е падот на заевизмот и враќањето на достоинството на Македонија. Првата етапа која мора сите заедно да ја препливаме се априлските претседателски избори. Овие избори се почеток на крајот, а јас поодлучна никогаш не сум била.

Во чест на Атина беше снимен филмот „Исправи се, Делфина”. Сега јас ќе кажам „Исправи се, Македонијо”!

Време е за прва Претседателка на Република Македонија.
Борбата само што започна! Придружете ни се!

Фејсбук статус на Гордана Силјановска Давкова