И кандидатите за претседател, па и претседателите не се совршени, перфектни личности и можат да направат грешка. Ако се извините тоа е во ред“, е коментарот на професорката Гордана Силјановска Давкова на коментарите за нејзините гафови кога ги погреши имињата на Неготино и Кочани.



„Чинам дека поважно од таквата грешка е да не згрешите во тезите, во вистинските анализи. А, ако го згрешите името на градот тогаш мислам дека тоа не е страшно…јас пристојно се извинив. Знаете како е кога одите во повеќе дестинации. А, признавам, и ова е шанса да си ја запознам подобро државата“ вели Силјановска.

За вчерашното соочување на кандидатите за претседател на ТВ Телма, Силјановска рече дека „дебатата беше жива, мислам дека дебатата беше аргументирана“ а остави новинарите да оценат кој имаше повеќе аргументи.

„Јас сум лично задоволна и како кандидатка, а особено како жена зошто се обидувам, ете, женскиот говор да го промовирам, тоа го направи некогаш Вирџинија Вулф.

Ние имаме специфичен јазик, женско писмо и мислам дека тоа е новината која наиде на разбирање и кај мажите, не само кај жените“, изјави кандидатката за претседател.