Силјановска ги раскринка лажните оставки на министрите од ДУИ (ВИДЕО)

Пратеничката и професорка Гордана Силјановска Давкова во интервју за Вести Плус на Канал 5 ги раскринка лажните оставки на министрите од ДУИ кои се дадени како условни иако такви законот не познава.



Професорката вели дека не познава случај каде оставките се даваат групно и не се ефектуираат веднаш што за неа е знак дека се работи за политичка манипулација од страна на ДУИ.

За неа јасни се законите, уставните правила и деловникот на Собранието кои предвидуваат секој министер поединечно да ја достави примената оставка до премиерот по што таа оди кај спикерот кој веднаш ја става на дневен ред по што истата се усвојува без расправа.

Министрите на ДУИ минатата недела наводно поднесоа оставки кои сега ги чува премиерот во својот кабинет со што го крши законот.

Изјавата на Силјановска на оваа тема на овој линк

https://fb.watch/mbDl5FN6GC/?mibextid=Nif5oz

Целата емисија Вести Плус на Канал 5