„Ако бојкотот на референдумот имаше логика, мислам дека бојкотот на претседателските избори нема логика“, порача денеска од митингот во Ресен кандидатката за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова.
„Само ако сте внатре можете да ги менувате нештата, само ако сте внатре можете да градите стратегија, само ако сте внатре може при секоја средба со било кој претставник на ЕУ, на НАТО, на амбасадите да им ја предочите македонската болка, да има кажете дека не може некое решение како ова за Северна Македонија туку така да помине“, рече Силјановска.
Таа ги повика граѓаните да излезат на претседателските избори:
„Зошто? За да ги делигитимираме, за да ги испратиме во историјата како една од најнеодговорните влади, за да можеме да предизвикаме заради добриот тест демократски нови парламентарни избори на кои што ќе дојде веќе подготвената нова власт“, рече меѓу другото Силјановска.





