Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, соопшти дека е формиран тим од од врвни професионалци, кој ќе го стави на располагање своето знаење за Обнова на Македонија.
Идејата е резултат на консултациите со, како што велат од партијата, со околу 10.000 граѓани кои ги кажаа своите проблемии незадоволство од актуелната сутуација во земјата.
Во тимот се: Гордана Силјановска Давкова, Сашко Кедев, Владимир Дуковски, Хозе Караско, Игор Дурловски, Влатко Гигов, Јанко Баждавела, Борко Ристовски, Сања Божиновска, Ака Махмут, Лазар Јовески, Зоран Марков, Гоце Наумовски, Гоце Андреевски, Коста Митровски…
„Мојата визија за Македонија е земја која ќе биде напредна. Нам ни е потребна обнова во секој сегмент. Не сум човек кој ветува чуда, но ви ветувам многу работа. ВМРО-ДПМНЕ ќе го мобилизира тој потенцијал“, вели Мискоски.





