Силјановска држеше час по државјанство во Собранието (ВИДЕО)

Не ги злоупотребувајте тие што навистина ги исполнуваат одредбите за добивање на македонско државјанство за да ја претворите Македонија во единствената во Европа која ќе дава државјанство на лица кои ја загрозуваат нејзината безбедност.



Професорката Гордана Силјановска не може да разбере зошто за Законот за државјанство и тоа по кратка постапка се расправа во Комисијата за одбрана и безбедност при Собранието наместо во комисија за политички систем.

Таа зборувајќи за законот укажува на европските искуства каде во ниту една друга земја не може да се најдат решенијата кои се предлагаат во Македонија.

“Пратеничката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не може прифати државјанство да се добие без да се положи заклетва и да се вети лојалност на државата затоа што тоа освен европско искуство е и единствената релација меѓу граѓанинот и Македонија”, рече меѓу другото Силјановска во дебатата за законот за кој ќе власта против.

Краткото излагање на пратеничката во видеото