На денот на раѓањето на Гоце Делчев професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова со порака до јавноста во која му се обраќа и на духот на апостолот на Македонската револуционерна борба.
,,Апостолу, учителу,
Илјадници Македонци, меѓу кои и мојот брат, гордо го носат ТВОЕТО име и нè потсетуваат на ТЕБЕ! Ти си неразделен дел од НАС, од НАШАТА историја, сегашност и ИДНИНА. Без ТЕБЕ не може да се замислат македонскиот народ и неговата НАЦИОНАЛНА ЕПОПЕЈА, ни ВМРО, ни ТРИТЕ ИЛИНДЕНИ, ТРИТЕ МАКЕДОНСКИ републики. Не случајно почиваш во „Свети Спас“!
ТИ живееше во светот на војни, а сонуваше и се бореше за свет како поле за културен натпревар на народите, меѓу кои и на МАКЕДОНСКИОТ и БУГАРСКИОТ народ, но сегашниов свет е далеку од ТВОЈАТА мудра и хумана идеја!
Знам дека на денот на ТВОЕТО РАЃАЊЕ, нема Македонец кој не си ги повторува зборови: „Ослободувањето на Македонија може да биде дело само на самите Македонци“! Во нив веруваа не само илинденците и партизаните, туку веруваме и НИЕ- ГОЦЕВЦИТЕ!
Пред нас, како ЛУЃЕ И ГРАЃАНИ е обврската КУЛТУРНО да се натпреваруваме за ГОЦЕВИОТ СВЕТ”, пишува Силјановска во пораката до Гоце Делчев и неговите следбеници.





