Силјановска-Давкова: Не ѝ верувам на владата кога преговара со Бугарија

Пратеничката Гордана Силјановска-Давкова во денешното издание на „Што не е јасно” на Алфа телевизија истакна дека не ѝ верува на Владата и премиерот во нивниот став дека не се преговара со Бугарија за македонскиот идентитет. Бидејќи според неа, ако постои Јанус со две лица, тогаш постои нашиот премиер со многу лица.



– Не паметам став до кој се додржал. Не знам колку пати го сменил. Инаку дека и во поглед на идентитетот и во поглед на јазикот не верувам бидејќи со склучувањето на Преспанскиот договор таму има одредби дека оние луѓе, мои роднини од таа страна на границата не се Македонци и зборуваат некој друг јазик – изјави Силјановска-Давкова.