Професорката по Уставно право, Гордана Силјановска-Давкова, вели дека претседателот на Собранието сега се претставува како уставен судија или како Уставен суд откако синоќа тој ја отфрли иницијативата за спроведување референдум за поништување на Законот за ратификација на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија како неуставна.



„Ако е така, па дај да го избереме Џафери наместо Љубомир Јовевски за уставен судија“, вели проф.Силјановска-Давкова за Пресинг.мк

Таа е децидна дека спикерот Џафери мора да ја почитува постапката и иницијативата веднаш да ја проследи до двете надлежни собраниски комисии-Законодавно-правната и таа за политички систем. Дури и нивното мислење да биде негативно за иницијативата, таа сепак мора да се најде на дневен ред на првата наредна собраниска пленарна седница, што директно е наведено во членовите 191 и 192 од Деловникот за работа на Собранието.