Во статус под наслов “Црвено и црно” професорката Гордана Силјановска Давкова ги анализира причините зошто Македонија е единствената точка во Европа обележана со црвена боја.
Целиот статус на Силјановска Давкова:
Каква тажна симболика. Европа го СЛАВИ повторното отворање на границите меѓу државите, Германија и Франција ги кренаа рампите,граѓаните повторно се сретнаа, а Претседателот Макрон ја објави првата победа над корона вирусот и ја прогласи целата територија на Франција за „зелена зона!
Само Македонија ПОЦРВЕНЕ на картата на Блумберг, како ЕДИНСТВЕНА ЗАТВОРЕНА (не)европска држава во ОПАСНИТЕ ПРЕГРАТКИ на корона вирусот. НИЕ, македонските граѓани ПОЦРВЕНЕВМЕ од срам и ПОЗЕЛЕНЕВМЕ од гнев, оти ЦРВЕНОТО не е симбол на НИВНАТА СОНУВАНА СВЕТЛИНА, туку на знак за ТРЕВОГА.
Доста е. Овој НАРОД се измори од ЦРНИЛА. ОВИЕ ГРАЃАНИ не заслужуваат да бидат НАЈТЕМНАТА, ЗАБРАНЕТА европска точка од која сите се плашат и БЕГААТ.
Да потсетам: Обединетите нации, во својата Меѓународна конвенција за социјални, економски и културни права предвидуваат неприкосновено право на секој човек на највисоки, достапни здравствени стандарди, како и превенција, третман и заштита за време на епидемии и други болести. Ај, што не ги почитуваме Европските стандарди, туку, ги заборавивме и оние на Обединетите нации.
Да ставиме крај на ЗОНАТА НА САМРАКОТ и да си го вратиме достоинството и угледот, што ни ГИ ГАРАНТИРА нашиот Устав. Да ја кренеме државата на нозе, да ја ВТЕМЕЛИМЕ И ИНСТИТУЦИОНАЛИЗИРАМЕ демокаратијата, оти за ЗДРАВО ОПШТЕСТВО се нужни СИЛНИ, правно втемелени ИНСТИТУЦИИ, а не ОСИЛЕНИ ПОЕДИНЦИ.
Време е од ЦРВЕНОТО и ЦРНОТО (Стендал), како симбол на затворена држава, да доживеат метаморфоза во делумно отворена (сива), доминантно отворена (жолта) до ОТВОРЕНА(сина)! Трансформацијата мора да почне на 15-ти јули!






