„Не смееме да им оставиме простор за повторно парламентарни игри зошто ако нема цензус од 40 проценти ќе си го сменат Уставот, за нив постапката не е ништо тешко, не ја почитуваат и ќе си решат претседателот да се бира во Собранието“ рече кандидатката за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова, на вечерашниот митинг пред Владата.



Таа ги повика граѓаните да гласаат за неа на 21 април и 5 мај, не заради неа бидејќи, рече, таа е реализирана жена, туку заради Македонија и демократијата.

„Погодете тогаш како ќе се бира претседателот, со пазар, сега нашиот, утре вашиот. Погодете тогаш кој ќе биде претседател?

Сега власта што сега е кај претседателот ќе биде кај нив“ – рече кандидатката за претседател.