За Македонија не е толку важно толку некаде да „оди“ колку што е важно да ја донесее Европа дома, да се подобри нејзината економија, да се справи со корупцијата, со „политичките династии или семејствата кои ја користат политиката за збогатување“, вели кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова во интервју за бугарски „Дневник“.



Одговарајќи на прашањето што ќе стори за подобрување на општата состојба во Македонија за која таа вели дека не само што не оди напред туку и дека не стои во место и назадува, Силјановска дека функцијата “претседател на државата не може да ја замени владата.

„ Оваа влада ќе плати висока цена за својата неспособност, за неработењето, мрзеливоста, корупциските скандали, непотизам и сè друго што помина незабележано поради пофалбите од меѓународната заедница за Преспанското договор.

Кога тврдеше дека работи за приближување кон ЕУ, власта не оддалечи од Копенгхашките критериуми и ја поткопа довербата на граѓаните кон институциите. Мој повик до граѓаните е сега да одлучат дали имаат доверба на таква власт да ѝ ги дадат сите позиции и апсолутна власт во државата или ќе почнат да ја казнуваат за неспособноста и за нејзината неодговорност. Ако бидам избрана како претставник на опозицијата, тоа ќе биде почеток на крајот на власта на СДСМ. Парламентарните избори ќе се одржат и во мојот мандат“.

На прашањето кои чекори мисли дека треба да се направат за да се подобри економската ситуација за да се задржат младите луѓе, Силјановска вели:

„ Како и во Бугарија, така и во Македонија, голем број млади луѓе се нетрпеливи и не сакаат нивните таленти да бидат држени неискористени во земја во која и администрацијата не функционира вистински.

Нашето членство во ЕУ е  далечна перспектива, но важно е да им се покаже на младите дека не треба Македонија да „оди“ некаде, туку дека треба да ја донесеме Европа дома. Имам многу студенти кои велат дека се подготвени да вложат напори за подобрување на животот тука, ама чекаат сигнал дека правниот систем нема да ги дискриминира и да фаворизира луѓе со соодветни партиски или етнички врски.

Првиот чекор за подобрување на економијата е борбата против политичката корупција и со политичките династии или семејства кои ја користат политиката за збогатување на фирмите и нивните семејства.

Запрашана дали на претседателските избори гледа како на референдум , Силјановска вели:

„ Оваа влада одамна е делегитимирана,  и да беше Македонија демократска држава, Зоран Заев, ќе поднесеше оставка веднаш по неуспешниот референдумот…