Силен земјотрес во Грција ја стресе и Македонија

Земјотрес во Грција со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала вечерва силно се почувствува и во Македонија.



Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот на длабочина од 10 километри е регистриран во 22:43 часот по средноевропско време на 4 км североисточно од Лерин.

Седум минути подоцна исто така во околината на Лерин е забележан земјотрес од 3,5 степени по Рихтер, а во 22:53 ч. на истото место е регистриран земјотрес од 4,2 степени.

Тресењето на земјата на северот од Грција од македонска страна најмногу го почувствуваа граѓаните на Битола и на Охрид, но вознемирување предизвика и во Скопје.