Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди централна Босна и Херцеговина.
Епицентарот на земјотресот е регистриран во 21:43 часот на околу 10 километри северозападно од Зеница и 69 километри северозападно од Сараево, покажуваат првите податоци на вебстраницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот е регистриран на длабочина од девет километри.
Причинета е мала материјална штета на некои објекти во Зеница. Засега нема информации за повредени.






