Силен земјотрес ја погоди Јапонија, опасност од цунами

 

Разорен земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија околу 08:20 часот по локално време.



Се верува дека цунами со бранови високи до 5 метри ќе јапогоди земјата според метеоролошката агенција. Бранови високи повеќе од еден метар веќе го погодија брегот на градот Ваџима во префектурата Ишикава, објави NHK.

На социјалните мрежи почнаа да кружат видеа, наводно направени во моментот кога почнал земјотресот.

Локалните медиуми јавуваат дека има урнати згради, дека е причинета голема материјална штета на бројни објекти, а уништени се и многу патишта кои се отворија од силината на земјотресот.

Илјадници луѓе ги напуштија своите домови и не им е дозволено да се вратат внатре поради страв.