Покриви од две згради на булеварот Партизански одреди беа однесени од силниот ветер кој синоќа го зафати Скопје.
Граѓани на социјалните мрежи споделуваат снимки, меѓу другото, и од извлекување на две лица кои се најдоа под однесените покривни конструкции.
Најголема штета ветрот со брзина од околу 70 км на час предизвика низ општина Карпош, а за расчистување на Партизанска на терен излезе и противпожарната единица на Град Скопје.








